Едукации за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ беа организирани во насока на континуирана медицинска едукација во рамките на оваа Клиника.
– Наш императив е унапредување на безбедноста на работниците од една страна, како и унапредување на третманот за пациентите од друга страна. За таа цел над 50 здравствени работници и соработници беа дел од оваа едукација, во рамки на дводневна обука. За нас континуираната медицинска едукација и надградба е од витално значење и како ново раководство се обврзуваме дека посебен фокус ќе ставаме токму на едукативниот аспект, а оваа пракса ќе продолжи и во наредниот период – информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, појаснувајќи дека по овој принцип силна заложба е кариерниот развој на сите профили на медицински профили во рамки на оваа Клиника.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.