Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С.А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7.500 евра.