Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна на 28 август во областа на езерото Јабланица, на југот на БиХ, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК).
„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, еден побарал медицинска помош и е надвород животна опасност“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР на ХНК.
Хеликоптерот се урнал како последица на несреќа што им се случила, но подетални информации за причината за проблемот сѐ уште не се познати.
Полицијата излегла на местото на несреќата каде ќе изврши увид.