Најмладата милијадрерка на светот, Кајли Џенер на својот инстаграм-профил како многумина во овој претпразничен период го прифати предизвикот наречен „Покажи слика од…“, каде што дозволувате сите ваши следбеници да побараат да покажете слика од одреден период, настан или момент од вашиот живот.
Кајли беше расположена во исполнувањето желба на фановите и објави фотографии од нејзината бременост која умешно ја криеше се до породувањето.
Фановите не ни знаеја дека Кајли е бремена, сè додека таа не сподели дека станала мајка.
Кајли сподели и неодолива фотографија од нејзината приватна галерија со малечката Сторми која е на фотографијата блеска од радост бидејќи добила ново креветче и го напуштила креветчето за бебиња.
Фановите побараа и фотографија од Тревис Скот со Сторми и таа ја исполни и таа желба, но и барањето за нејзина стара фотографија од првите училишни денови.
Малечката Сторми е вљубена во принцезата Пепелашка, а како „татина принцеза“ Тревис Скот за овој Божиќ и ја купил кочијата од истоимениот цртан филм.
Прекрасните фотографии од малечката принцеза Сторми како ужива во кочијата ги сподели на својот Инстаграм профил, а фановите уживаа во малата бајка.