Претседателот Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се забрануваат активностите на верските организации поврзани со Русија во Украина, објави веб-страницата на Врховната Рада на Украина каде е забележано дека претседателот го потпишал документот на 24 август.
Како што пренесува Укринформ, во јануари 2023 година, владата го регистрирала предлог-законот бр.8371 на Врховната Рада за забрана на верски организации во Украина, според кој активностите на Руската православна црква може да бидат прекинати.
Врховната Рада го усвои предлог-законот на прво читање на 19 октомври 2023 година.
На 23 јули пратениците ја блокираа говорницата на Врховната Рада поради одбивањето на парламентот да го разгледа предлог-законот за забрана на црквата поврзана со Москва.
На 17 август, Сеукраинскиот совет на цркви и верски организации објави дека ја поддржува законодавната иницијатива за забрана на активностите на верските организации поврзани со Руската православна црква во Украина.
На 20 август, Врховната Рада го одобри Законот „За заштита на уставниот поредок во областа на активностите на верските организации“, со кој се забрануваат активностите на верските организации поврзани со Русија во Украина. Законодавната иницијатива бр.8371 беше усвоена со 265 гласови од пратениците.
Подготви: Д. Мишев