Властите во Венеција денеска го активираа системот за заштита од поплави поради очекуваното покачување на нивото на морето.
Градоначалникот Луиџи Брунијаро на твитер објави дека утре изутрина се очекува водостојот да се искачи за 130 сантиметри над просекот.
Како одговор, ќе се активира системот од скоро 80 прегради, чија задача е да го заштитат градот од поплави. Преградите кои блокираат три притоки што се влеваат во главната лагуна во Венеција треба да го спасат од поплави градот и неговите главни обележја, како што е плоштадот Свети Марко.
Системот беше тестиран за првпат на почетокот на овој месец, но градот сепак беше поплавен откако системот задоцни поради пропусти во комуникацијата. Проектот чини скоро шест милијарди евра и беше планиран со децении, а со работа пред 17 години. Сепак, градежните зафати беа попречувани поради корупција и бирократија.