САД: Харис во блага предност пред Трамп според националните анкети

Потпретседателот Камала Харис води пред поранешниот претседател Доналд Трамп во пет од седум држави на бојното поле, според новото истражување кое се појави на 270toWIN.

Харис води пред Трамп во Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Висконсин и Невада кога се земаат предвид трети страни, според новото истражување на британската фирма Фокалдата… Во некои случаи, нејзината предност е исклучително мала, во рамките на маргината на грешка; во Пенсилванија, на пример, Харис има еден процентен поен предност (таа води пред Трамп 48% наспроти 47%).

Во меѓувреме, Трамп води пред Харис со 46% до 45% во Аризона и 49% до 45% во Џорџија – двете држави кои гласаа за претседателот Џо Бајден во 2020 година.

На национално ниво, ако се земат предвид сите анети што се прават по разни основи, Харис е во предност пред Трамп во однос 47,1% наспорти 45,5%.