96-годишната Арасели Росарио Идалго Санчез од Дом за стари лица во централна Шпанија, беше прва во нејзината земја којашто се вакцинираше против КОВИД-19, објави „Франс прес“.
Возрасната дама со кратка бела коса, насмевнувајќи се рече дека не чувствувала „ништо“ кога ја примила вакцината во ресторанот „Лос Олмос“ во градот Гвадалахара. Таа потоа повторно ја облече црната јакна и замина во својата инвалидска количка, додава агенцијата.
Моника Тапиас, медицинска сестра во истиот дом, е второто лице во Шпанија имунизирано против оваа болест. Ресторанот е избран за почеток на кампањата во земјата, бидејќи се наоѓа во близина на еден од магацините на компанијата Фајзер, која ја разви вакцината заедно со БионТек. Вакцината таму била испорачана од Белгија вчера и ќе се дистрибуира низ целата земја.
Вакцинацијата ја поздрави и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.
Today the first Europeans are getting vaccinated against #COVID19. I’m touched to see people taking the vaccine everywhere across the EU. From Madrid to Paris, Athens to Riga.
First we protect the more vulnerable. Soon we’ll have enough doses for all of us. #EUvaccinationdays pic.twitter.com/51qUo9yKzI
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 27, 2020