Велешките пожарникари од ТППЕ вчера попладне изгаснале пожар на сува трева во развиена фаза под село Грнчиште и покрај силниот ветар спречиле пламенот да ја зафати блиската борова шума,информираат денеска за МИА од ТППЕ Велес. Од мештаните има сомнение дека пожарот е подметнат бидејќи од местото на настанот забележале возило како се оддалечува.
Од ТППЕ Велес интервенирале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. Во гаснењето на пожарот дополнително било ангажирано уште едно противпожарно возило со тројца пожарникари спасители.
-Со брза интервенција пожарот беше ставен под контрола и целосно изгаснат, потенцираат од ТППЕ Велес.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните ако забележат пожар веднаш да информираат на бесплатниот телефонски број 112 или на 193.






















