Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, шумската површини е околу 123 000 хектари, а во последните осум години во пожарите изгореа 45 000 хектари шума, односно 37 отсто од шумската површина, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија, јавува дописничката на МИА од Атина.
Порталот ги анализира и презентира податоците за опожарените површини од шумските пожари во последните осум години години, односно од 2017 година до сега во континенталниот дел на регионот Атика.
„Од 2017 година до 13 август 2024 година, во 13 големи пожари изгореа повеќе од 70.000 хектари, според извештаите на службата за брзо мапирање Коперник и Европската опсерваторија за шумски пожари (ЕФФИС)“, пишува Метео.