Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди распоредување на подморница со наведувана ракета на Блискиот Исток, соопшти Пентагон, по атентатот на високи членови на Хамас и Хезболах, кога регионот се подготвува за можни напади од Иран и неговите сојузници.
Во соопштението по разговорите на Остин со неговиот израелски колега, Пентагон рече дека Остин и наредил на нападната група на носачот Абрахам Линколн да го забрза своето распоредување во регионот.
-Министерот Остин ја повтори посветеноста на Соединетите држави да ги преземат сите можни чекори за одбрана на Израел и го истакна зајакнувањето на американското воено присуство и капацитети на целиот Блиски Исток во светло на ескалацијата на регионалните тензии, се додава во соопштението.
Американската војска веќе најави дека ќе распореди дополнителни борбени авиони и воени бродови на морнарицата на Блискиот исток додека Вашингтон се обидува да ја зајакне одбраната на Израел, пренесе МИА.