Тим Волц за потпретседател е конечниот избор на Камала Харис.
Претседателската кандидатка на Демократите, Камала Харис, во последните 24 часа, ја сведе својата потрага по потпретседателски кандидат на тројца финалисти – гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, и гувернерот на Минесота, Тим Валц, и сенаторот Марк Кели. Таа во неделата се сретна со тројцата посебно во својата резиденција во Вашингтон.
Најголем дел од демократите се кладеа на Џош Шапиро, но конечниот избор на Камала Харис e Тим Волц, се повика Си-ен-ен на повеќе извори.
Тим Волц, гувернерот на Минесота, кого го одбра Харис, служеше 12 години во Конгресот пред да стане гувернер во 2018 година. Тој го привлече националното внимание поради неговата стратегија нарекувајќи ги Доналд Трамп и Џеј Ди Венс „откачени“(weird). Фразата се привлече кај голем број демократи – вклучително и Харис. Волц ја водеше Минесота низ протестите во 2020 година поради смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.