„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение.
На Мицкоски имаме да му порачаме само едно: Ако имате докази, изнесете ги. Фактите нека зборуваат сами за себе на суд и секој кој се огрешил нека одговара. Толку е едноставно. Дотогаш, вашата шуплива реторика служи само за да го одвлече вниманието од клучните прашања кои ги засегаат граѓаните. Теми и проблеми на кои вие потфрливте за само еден месец. Граѓаните заслужуваат влада која работи за нив, а вие потфрливте толку силно што и вашите поддржувачи се во шок и ова добро го знаете.
Континуираната кампања за оцрнување организирана од премиер на дражва е само потврда за неспоосбноста на тој премиер да понуди решенија за проблемите























