Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека пристигната е меѓународна помош обезбедена преку ЕУ механизмот на цивилна заштита.
-Пристигнати се еден хеликоптер од Србија и еден хеликоптер од Чешка, вели Ангелов.
Тој додаде дека во текот на денешниот ден се очекува да пристигне помош од уште неколку земји – еден хеликоптер од Словенија, два „ер трактори“ од Шведска, два „ер трактори“ од Германија, како и тим од Унгарија составен од 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов завчера преку видео изјава соопшти дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови.
На територијата на државава денеска имало вкупно 20 пожари на отворено. Од вкупниот број на пожари, пет се целосно изгаснати, три се ставени под контрола и 12 пожари се активни.