Во ковид-кризата поставивме два приоритета – зачувување на секое работно место и грижа и поддршка на најранливите категории граѓани што полесно да ја пребродат кризата, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето за првите сто дена од мандатот.
Создаден е систем кој ги апсорбира семејствата во ризик, особено во моментот на криза, рече таа, соопштувајќи дека е обезбеден олеснет пристап до гарантирана минимална помош и образвен додаток. Бројот на семејства приматели на гарантирана минимална помош е зголемен за 5500 во однос на февруари годинава, а со измени на Законот за заштита на децата, создадени се услови околу 16 илјади деца да остварат право на образовен додаток.
-Учествуваме во подготовка на чертвртиот пакет економнски мерки со кој беа опфатени 182 000 пензионери, 84 000 пасивни баратели на работа, 8226 приматели на социјална пензија и 5570 самохрани родители, со што вкупно беа опфатени 283 илјади граѓани, истана Шахпаска во отчетот за 100 дена опд мандатот.
Соопшти дека за 0,6 отсто е пониска невработеноста во однос на истиот квартал минатата година и сега изнедсува 16,5 проценти. И во време на пандемијата, како што рече, се спроведуваат мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, некои и со 100-процентна реализација, како што е мерката за субвенционирање на плати, за самовработување, како и Младинската гаранција преку која се вработиле шест илјади млади лица до 29 години.
Во првата недела од стапувањето на функцијата, рече, го доставила во процедура Законот за спечување и заштита од дискриминација кој беше усвоен во Собранието, со кој граѓаните добиваат заштита по сите дискриминаторски основи и комисија како професионално и независно тело. Огласот е завршен, останува на Собранието да го направи изборот на членовите на Комисијата. Во делот на заштита на човекови права, посочи министерката, е и законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој е во собраниска процедура, и ги дефинира институциите кои се надлежни да преземат превентивни и итни мерки за заштита на жртвите.
Првпат е предвидена санкција за непостапување со должно внимание, како и мултидисциплинарен институционален одговор за заштита на жртвите и нивна реинтреграција во системот.
– Ова се два важни закона од реформската агенда за нашиот евроинтеграциски процес, подвлече Шахпаска.
За да им се олесни животот на лицата со попреченост, границата за лична асистенција е спуштена од 18 на шест години, што било и изборно ветување. Забрзана е изградбата на градинките, отворени се три нови со вкупен капацитет за 416 деца, а во финална фаза се уште четити за двесте деца кои ќе бидат отворени идниот месец.
-Во првите сто дена, почнавме изградба на три градинки во Крива Паланка, Пробиштип и Чаир, а во тек е изградбата на уште 15 градинки, со што капацитетот ќе се зголеми за уште 1900 деца, рече Шахпаска.
За социјални услуги се потпишани, рече, договори со 17 оппштини. Услугата помош на стари лица и на лица со попреченост ќе им биде достапна во домот и во дневните центри. На овој начин, услугите се спуштаат на локално ниво и во рурални средини, а се зголемува и бројот на лица кои како даватели на услуги заработуваат за сопствена егзистенција.
-Процесот за деинституционализација го продолживме, склучивме договори за уште две куќи во кои ќе бидат сместени корисници од Заводот во Демир Капија. На овој начин воспоставуваме европски стандарди во грижата за најнемоќните кои се сместени во институции, истакна Шахпаска и соопшти дека завршува реконструкцијата на дневниот центар од 6 до 26 години во Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Скопје, а се реконструираат и се прошируваат дневни центри во други општини.
Во моментов МТСП работи на два закона – на Законот за работни односи кој ги регулира прашањата од трудот, синдикалното организирање и законската регулатива која дефинира недела како неработен ден. Завршена е и нацрт-верзија на Законот за родова еднаквост кој, рече министерката, е чекор напред во воспоставувањето родов баланс во општеството во сите области.
-Во првите сто дена покажавме дека со многу работа и одговорен пристап може успешно да се решаваат проблемите на граѓаните, дури и во вакви тешки времиња. Ние сме само на почетокот на мандатот, ни претстои многу работа, проекти и законски решенија во интерес на граѓаните. Продолжуваме да работиме посветено во интерес на граѓаните, истакна Шахпаска на прес-конференцијата посветена на 100-те дена од мандатот.