Ова вино има интензивно црвено-виолетова боја со избалансирана танинска структура. Нагласена нота на црвена пиперка и овошни ароми на цреша во позадина. Постојан и целосно заокружен вкус во устата со долготраен финиш. Најдобро е да се служи на 15-18°C со дивеч, црвено месо, печено свинско, пршута, зрело сирење и печено јагнешко.
Бербата е од сопствени плантажи.
Вински Ноти
Боја: интензивна рубин црвена боја
Ароми: изразита овошна арома со ноти на црвени бобинки, црвена пиперка и цреша
Вкус: полн вкус збогатен со пријатна свежина и зачинетост, екстрактивен и со нежни танини
Винарска белешка: текстурата на Стоби Каберне Совињон се одликува со кадифени танини и долг хармоничен завршеток со извонреден послевкус
Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со срнешко месо, печено свинско, шунка, сирење, и печено јагнешко
Служење: препорачуваме служење на температура од 15-18°C