Зошто се појавуваат брадавиците? Дали можат да се појават на која било возраст? Дали се заразни, како се лекуваат и кога треба да се отстранат, за сè што треба да знаете за брадавиците ни одговара д-р Коста Цветковиќ.
– Брадавиците претставуваат вирусни формации што настануваат како резултат на ХПВ вирус, кој навлегува во кожата и предизвикува топчести, кончести или плоснати формации, кои ние ги нарекуваме брадавици. Во однос на возраста, ХПВ вирусот нема предилекција и може да се јави во скоро кој било период од животот. Инциденцата на појавување зависи од генералната здравствена состојба и имунитетот – вели д-р Коста Цветковиќ од дерматолошката ординација „Дерма плус“.
Дали се брадавиците заразни?
– Во однос на пренос од човек на човек, само половите брадавици се преносливи. Останатите форми на брадавици по телото не се заразни, туку овој вирус пациентите го контрахираат од надворешната средина преку допир со површини. Оние брадавици на рацете и нозете ги поврзуваме и со одредени професии каде што има допир со пари или со некои други често допирани површини.
Кога треба да се консултира доктор?
– Лекар треба да се консултира откако ќе ги забележиме и тоа колку порано толку подобро. Не претставуваат здравствен проблем, туку повеќе естетски и доколку им се дозволи да се развијат, ќе пораснат со поголеми димензии и може да пречат во извршување на секојдневните активности.
Како се лекуваат брадавиците?
– Лекот за брадавиците се состои од неколку начина на директно отстранување. Течен азот, РФ-терапија, како и аблативни киселински препарати во комбинација заедно помагаат тие да се отстранат во целост и да не се прошират. Освен тоа, на нашите пациенти им препорачуваме витамински препарати што ќе го подобрат имунолошкиот одговор на телото кон вирусот.
Кога треба да се отстранат?
– Нема генерално правило, туку колку порано толку подобро. И самиот третман тогаш е побрз и со помали несакани ефекти (црвенило, болка). Затоа препорачуваме редовни самопроверки на предилекционите места како гениталиите, пазувите, вратот, дланките и стапалата.
Како изгледа процедурата на отстранување?
– При прегледот на пациентот се утврдуваат брадавиците (може да има и бенки кои би симулирале брадавици и мора да сме внимателни), а потоа се пристапува кон нивно горење со некои од веќеспоменатите методи (РФ или течен азот). Во текот на третманот брадавиците се губат и се „топат“, со што тие веќе нема да се јават на тоа место. После третманот се нанесува емолиент и на пациентот му се дава совет за домашна нега. По потреба, се доаѓа повторно за догорување на брадавиците.
Дали ако еднаш сме имале брадавица веројатноста е голема пак да се појави?
– Доста голема е шансата за рецидив. Невозможно е да се предвиди каде сѐ е вирусот инфилтриран и кога ќе стане манифестен. На местото каде што е веќе третирана една брадавица, ретко се јавува повторно иста, но може да се јави во нејзината околина поради инфективните својства на вирусот што ја предизвикал. Во тие случаи, третманот е ист и се повторува додека не се отстранат во целост.
Ординација „Дерма плус“, бул. „Јане Сандански“ 84, Скопје, тел. 02 244 6600
(комерцијален текст)