На телото му се потребни 13 видови на витамини за да функционира нормално, а секој од нив има важна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет. Се поставува прашањето како да препознаете кој витамин ви недостасува во телото и како да го зголемите неговиот внес.
Со правилен начин на исхрана може да го зголемите внесот на одредени витамини во организмот.
Витамин А
Недостатокот на витамин А може да го препознаете доколку имате проблеми со очите, псоријаза, акни, губење на апетитот, ослабнат имунолошки систем, вагинални и респираторни инфекции и проблеми со дигестивниот систем.
Витамин Б
Замор, анемија, недостаток на концентрација и намален имунолошки систем се показател за недостаток на витамин Б во организмот. Покомплексни показатели се деменција, параноја, депресија, промени во расположението, осип.
Витамин Ц
Кога на телото му недостасува витамин Ц ќе бидете уморни, ќе забележите дека имате промени на кожата, анемија, артритис, висок холестерол, хипогликемија, стрес.
Витамин Д
Сончевиот витамин во зимскиот период е речиси невозможно да се произведе во телото. Болки во коските, слабост и грчеви во мускулите, прекумерно потење, висок крвен притисок, слаба концентрација и главоболка се симптоми дека ви недостасува овој витамин во телото.
Витамин Е
Карактеристични за недостаток на витамин Е се хронични заболувања на црниот дроб, блага анемија, хиперпигментација.
Витамин К
Недостаток на витамин К резултира со обилни менструации кај жените, крварење од нос, појава на крв во урината и модринки по телото.