Косовскиот премиер Албин Курти на денешната прес-конференција во Приштина изјави дека шемата за детски додаток е ревидирана и ќе стапи на сила од почетокот на август, и притоа за едно или две деца, косовската влада ќе плаќа додаток од 20 евра месечно за секое дете, што е зголемување од претходните – 10 евра по дете.

На мајките со три или повеќе деца, Владата на Косово ќе им плаќа надоместоци од 30 евра месечно за секое дете.

Министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати, пак, на прес-конференцијата изјави дека шемата за исплата на надоместоци за деца, која е со мандат од 16 години, предвидува над 17 илјади евра помош за мајките со три деца кои ќе добиваат по 90 евра месечно.

Мурати нагласи дека шемата ќе важи и за мајката на десет деца – единствената мајка со толку деца во Косово.