Една од омилените холивудски актерки, Џенифер Анистон, со нетрпение го дочека враќањето на работа, како и почетокот на снимањето на новите епизоди од хит серијата „The Morning Show”, по повеќемесечната пауза.

Новите фотографии на Џенифер Анистон во „теди“ бел капут, црни кожни ракавици и препознатливата фризура, го обиколија светот.

Станува збор за сцени од сетот на популарната серија „The Morning Show“, во која игра со колешката Рис Витерспун, а која се прикажува на стриминг сервисот „Apple TV“.

Profimedia
Profimedia

Неколку месеци снимањето на новите епизоди од возбудливата серија беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот која нанесе големи загуби во целиот свет, па така и во филмската индустрија.

За среќа, Анистон сега им се врати на вообичаените снимања, а поради тоа не ја криеше возбудата.

Profimedia
Profimedia

Серијата „The Morning Show“ ја следи динамичност и драма која се одвива зад сцената на дневните вести, за кои гледачите не знаат ништо. Серијата се темели на книгата на новинарот Брајан Сетлер „Top of the Morning: Inside the Cutthroat World of Morning TV“ и откако беше финиширана првата сезона, сега се снима и втората, која ќе има десет епизоди.

Преземено од Еспресо.мк