Едно место на нашата планета е толку далеку, што најблиску до него се луѓето на Меѓународната вселенска станица.
Точката Немо, именувана по морнарот од подморницата од „Дваесет илјади милји под морето“ на Жил Верн, е толку изолирана во Тихиот Океан што е најоддалечената точка на Земјата од копното. Најблиската цивилизација е онаа на Велигденскиот Остров – оддалечена околу 4.100 километри.
– Чудно е да се размислува за тоа, но ако сте таму сами, најблиските други луѓе всушност би биле астронаутите на Меѓународната вселенска станица, која е оддалечена 415 километри. Ако ви треба нечија помош овде, ќе бидат потребни 15 дена за најблиските луѓе да дојдат до вас со брод – објаснува љубителот на природата со корисничко име „Псајкополи“ на „Тик-ток“.
Ја дефинирал хрватско-канадски истражувачки инженер
Станува збор за замислена точка која го претставува таканаречениот „океански пол на непристапноста“, а е дефинирана во 1992 година од хрватско-канадскиот истражувачки инженер Хрвоје Лукатала. Немо е латински збор за „никој“, што е соодветно име кога ќе ја погледнете сцената што ви се појавува ако ја барате нејзината локација на „Гугл мапс“.
Лукатела никогаш не ја посетил точката што ја именувал, туку наместо тоа, ја пресметал нејзината позиција ставајќи ја во центарот на кружницата дефинирана од островот Дуси, Моту Нуи, инаку најјужниот остров на Велигденските Острови и островот Махер на Антарктикот.
Поради својата положба и изолација, оваа област е позната како „Гробишта на вселенски летала“. Имено, неколку стотици вселенски летала и деактивирани сателити се урнати во точката Немо, кое е најбезбедното место за рушење на вселенските летала без опасност за луѓето. Се претпоставува дека таму биле „закопани“ меѓу 250 и 300 вселенски летала, од кои најголема била вселенската станица „Мир“, тешка 120 тони, која била уништена во 2001 година.