И во наредната година ќе продолжи поддршката од 20 илјади евра на млади земјоделци, а поддршката за жени земјоделки двојно ќе се зголеми од 3.000 на 6.000 евра, а ќе продолжи и мерката зелена нафта. Вкупно наредната година за поддршка на земјоделството обезбедени се 150 милиони евра, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа во неговиот отчет за 100 дена од неговото назначување на оваа функција.
-Пандемијата силно го погоди земјоделското производство, но истовремено ја потенцираше важноста на производство на храна кое мора да продолжи. Први кој го почувствуваа ударот на пандемијата беа производителите на грозје и на вино. Винариите имаа резерви на вино и намален интерес за откуп на грозје. Од друга страна, пак климатските промени придонесоа за слаб квалитет и ниски откупни цени на грозјето. Донесовме мерки со кој ги спасивме производителите на грозје и винската индустрија, изјави Хоџа.
Министерот Хоџа информираше дека со Република Албанија потпишавме договор за фитосанитарна соработка со кој фитосанитарните елеборати ќе бидат признаени од двете страни што ќе придонесе за поголема соработка, извоз и развој на регионот. Со Република Албанија потпишавме и спогодба за одржување на рибниот фонд во Охридското и Преспанското езеро.
Според ФАО малите земјоделски стопанства и фарми се важен сегмент за одржлив развој. Поради тоа, како што рече министерот Хоџа заедно со ФАО ќе ги подржиме овие стопанства и ќе им овозможиме успешни бизниси. Како еден од позначајните проекти за кој е почната тендерска постапка и се обезбедени 22 милиони евра е Слупчанска брана
-Со цел земјоделското производство да го наравиме поконкурентно и помодерно со Платежната агенција потпишавме договор за набавка на 540 трактори. Ја продолживме мерката за млади земјоделци до 40 години. Вкупно 265 апликанти кој ги исполнуваат условите ќе добијат помош, а вредноста на оваа мерка е 3,1 милион евра, истакна министерот и додаде дека целта на оваа мерка е младите да се вклучат во земјоделското производство и да се намали миграцијата.
Во однос на меѓународната соработка министерот Хоџа рече дека остварил билатерални средби со претставници од земјите од регионот, САД, ЕУ, Русија со кој се разговарало за изнаоѓање на решенија за зголемување на трговската размена и извозот на земјоделски производи.
Во однос на проблемите со откупот на тутнот министерот Хоџа вели дека се уште не е задоволен со просечната цена и откупените количини, но има видливо подобрување и е оптимист дека ќе се постигне решение кое ќе биде оптимално за двете страни.
(А.С.)