Годишнатата стапка на инфлацијата во САД во јуни се намали трет месец по ред, овојпат од 3,3 отсто во мај на три отсто, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот. На оваа вест американските берзи реагираа со зголемување на цените на акциите, пренесува Cи-Ен-Ен.
Експертите очекуваа дека инфлацијата во јуни ќе биде малку повисока и ќе изнесува 3,1 отсто. Цените на храната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, а енергенсите пораснале само за еден отсто, бидејќи цените на бензините паднале за 2,5 отсто на годишно ниво.
Транспортот во САД порасна за 9,4 отсто на годишно ниво, а цените на становите за 5,2 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од минатиот месец. Годишната стапка на базичната инфлација во САД падна во јуни од 3,4 отсто во мај на 3,3 отсто и сè уште е најниска од април 2021 година.
На месечни ниво, инфлацијата во САД падна за 0,1 отсто во однос на мај, што е првпат од почетокот на пандемијата цените во Америка да се намалат на месечно ниво.