Доматите се омилен зеленчук на многу луѓе поради нивниот освежителен вкус. Може да се јадат свежи, варени, како состојка во салати, сосови, супи и во многу други јадења. Нивниот слатко-кисел вкус одлично ги дополнува различните кулинарски креации, што ги прави незаменлив дел од многу рецепти. Одгледувањето домати може да биде предизвик, но со малку труд, секој може да ужива во сопствениот домашен производ. Ним им требаат доволно сонце, плодна почва и редовно наводнување, како и поддршка во форма на стапчиња или решетки за да се развиваат стабилно и да даваат плод. Редовното плевење и заштитата од штетници и болести се неопходни за здрав раст на растенијата.
Иако бараат внимание и грижа, наградата дефинитивно вреди да се вложи труд. Нема ништо поубаво од вкусот на домашните домати, кои штотуку се собрани од вашата градина, многу позрели и поароматични од оние купени во продавница. Освен што се вкусни, доматите се и многу здрави, богати со витамини и антиоксиданти што придонесуваат за општото здравје.
Многу луѓе не јадат доволно често домати, а има многу причини зошто треба да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана. Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот, особено ракот на простата, желудникот и дебелото црево. Интересно е тоа што варените домати содржат поголемо количество ликопен од суровите домати.
Доматите се богати и со витамин Ц, кој влијае како природен антиоксидант. Освен тоа, содржат и витамин А, железо и калиум, кои се клучни за здравјето на нервите и за одржување на нормалната циркулација на крвта. Витаминот К, присутен во доматите, е важен за правилно згрутчување на крвта. Редовното консумирање домати исто така ќе ѝ помогне на вашата кожа да остане здрава и блескава. Доматите можат да ја намалат штетата предизвикана од пушењето бидејќи содржат кумарин и хлорогена киселина, супстанции што помагаат да се неутрализираат штетните ефекти. Доколку сакате да ослабете, доматите се одличен избор. Нискокалорична и богата со влакна, оваа намирница ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.