Убавата актерка Кетрин Зета-Џонс неодамна го прослави својот 51 роденден. Таа и нејзиниот славен сопруг Мајкл Даглас уживаат во семејниот живот и се пресреќни заедно и по 20 години брак.
Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ги воодушевија своите обожаватели со заедничка утринска фотографија.
Актерката изгледа одлично со сламена шапка и очила за сонце и секако со препознатливите полни усни. Нејзиниот сопруг Мајкл носи спортско капче и хавајска маица, па изгледа дека парот заминал на одмор.
Двојката неодамна ја прослави 20-годишнината од бракот.
– Мајкл и јас се венчавме пред 20 години! Колку прекрасна волшебна вечер беше тоа! И 7304 дена и ноќи подоцна, те сакам исто како и тогаш. Ви благодарам за љубовта и смеата, напиша Кетрин Зета – Џонс по повод годишнината од бракот.
– Ќе ја соблечам маската и ќе му дозволам на мојот сопругот страсно да ме бакне и веднаш ќе ја вратам, на шега актерката го коментираше фактот дека коронавирусот им ја уништил прославата по повод годишнината од бракот.