Светски познатиот модел Стела Тенант вчера ненадејно почина на 50-годишна возраст, објави денес нејзиното семејство, пренесува „Гардијан“.

Profimedia

Во соопштението за јавноста, семејството на Стела наведе:

„Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, во 50-та година од животот. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација за сите нас и многу ќе ни недостасува“, се вели во соопштението.

Семејството замоли јавноста да ја почитува приватноста, а деталите од погребот дополнително ќе бидат објавени. Британскиот јавен сервис го цитира полицискиот портпарол кој наведе дека Тенант „не умрела во сомнителни околности“, пет дена по нејзиниот 50-ти роденден.

Profimedia

Стела студирала вајарство на „Winchester School of Art”, а ги красеше насловните страни на многубројни светски познати магазини повеќе пати, меѓу кои и насловната на „Вог“, неколкупати стоеше на чело на модните ревии на познатите модни брендови, а соработуваше и со модниот дизајнер Карл Лагерфилд.

Profimedia

По повлекувањето од модните писти, Тенант беше поборничка за намалувањето на влијанието на модната индустрија врз животната средина. „Ќе ни биде потребно долго време да ги промениме своите навики, но мислам дека тоа е чекор во вистинската насока“, изјави минатата година за „Гардијан“. Манекенката беше 21 година во брак со поранешниот француски фотограф Давид Ласнет, со кого имаше четири деца.

 EPA/JUSTIN LANE
EPA PHOTO/EFE/ANGEL DIAZ//
EPA/IAN LANGSDON
EPA/PETER FOLEY
e EPA-EFE/ALEJANDRO ERNESTO
 EPA-EFE/MATTEO BAZZI
 EPA-EFE/WILL OLIVER
EPA/ETIENNE LAURENT
 EPA/CHRISTOPHE KARABA
EPA/JUANJO MARTIN
EPA/CHRISTOPHE KARABA
EPA/IAN LANGSDON