Во време на пандемијата на ковид-19, но и за други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата, односно треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана.
На тема каква улога игра исхраната во превенцијата на вирусните инфекции, вклучувајќи го ковид-19 и важноста на антиоксидансите во зајакнување на имунолошкиот систем, разговараме со виш науч. сор. д-р Драгица Зенделовска.
Можеме ли да претпоставиме директна врска помеѓу индивидуалниот диетен модел и сериозноста на заболувањето со ковид-19?
– Правилното функционирање на имунолошкиот систем е најважно за нашето здравје. Генетиката во поголема мера го определува нашиот имунолошки систем, но големо влијание имаат начинот на исхрана, стресот, физичката активност, сонот. Особено важен фактор е исхраната, бидејќи намирниците содржат витамини, минерали и други компоненти кои се стимулатори на одбранбените функции на организмот и ја зголемуваат отпорноста спрема различни вирусни и бактериски инфекции. Постојат голем број податоци кои укажуваат дека храната може да ја стимулира работата на имунолошкиот систем и да го подобри неговото делување. Во кратки црти, колку е подобро функционирањето на имунолошкиот систем, толку подобар би бил исходот на болеста.
Актуелни се тезите дека витаминот Д е еден од клучните витамини во превенцијата од ковид-19, зошто е толку важен и дали е така и при другите вирусни инфекции?
– Витаминот Д е навистина значаен за имунитетот и за други функции во нашето тело. Сепак, тој е секостероиден хормон, витамин растворлив во масти и неговиот дефицит може да се утврди со биохемиска анализа со цел да се утврди оптималната доза. Во поголеми концентрации во крв може да има доста несакани ефекти како што е хиперкалцемијата. Покрај витаминот Д, за посилен имунитет, особено за време на вирусни инфекции, па и во случај на пандемијата со ковид -19, сè почесто се препорачува земање на додатоци во исхрана со најголем акцент на цинк, селен, витамин Ц, кверцетин, мелатонин, прополис, медицински печурки, комбинирани хербални препарати и др. Тие се многу важни за правилно функционирање на имунолошкиот систем, но за дел од нив дозата и времетраењето на употребата добро е да биде под надзор на стручно лице, бидејќи поголеми дози од различни витамини или минерали делуваат како коензими и слободната или неврзаната форма од нив во телото може да даде токсичен ефект.
Каква е важноста на антиоксидансите во зајакнувањето на имунолошкиот систем и каде ги наоѓаме?
– Оксидативниот стрес, особено кај вирусните инфекции, вклучувајќи ја инфекцијата од Sars-Cov-2 игра многу важна улога. При вакви состојби доаѓа до нарушена рамнотежа помеѓу антиоксидансите и слободните радикали во нашето тело. Всушност, зголемен оксидативен стрес е добар почеток за настанување болести на органите и органските системи. Во време на оваа пандемија, но и за други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата, односно треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана. Сепак, мое мислење е дека тоа што не може да се внесе преку храна, да се внесе преку додатоци во исхраната. И во таа смисла најчесто препорачувам препарати кои содржат компоненти кои ние ги немаме во нашата исхрана. Во научната литература во последнава година може да се најдат доста податоци за истражувања посветени на пандемијата со Sars-Cov-2 и позитивниот исход од употребата на сулфорафан (како цитопротективен и антиинфламаторен агент), ресвератрол (поради антивирусната активност), реиши печурката (поради терапевтскиот потенцијал во превенцијата на вирусни заболувања и за подобрување на хуманата имуномодулација) и многу други екстракти и компоненти. Овие компоненти се доста познати и во превенција и третман не само на вирусни инфекции, туку и кај други заболувања.
Еден од препаратите кај нас регистриран како граничен лек и кој најчесто го препорачувам е GE 132+ Natural, кој е комплексен и содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време се таргет на голем број истажувања е мешавина од:
– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,
– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,
– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),
– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),
– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).
Компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.
GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.
GE 132+ Natural ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови и го регенерира рековалесцентниот организам.
Овој препарат е корисен за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.
(комерцијален текст)