Големиот совет на Европскиот суд за човекови права строго ја осуди Анкара во случајот на прокурдскиот лидер Селахатин Демирташ, затворен од ноември 2016 година во турските затвори и притоа повика на негово „итно ослободување“, јави дописникот на МИА.

-Судот утврди неколку повреди на (Европската) Конвенција за човекови права и нареди итно ослободување на Демирташ, поранешен претседателски кандидат и еден од главните ривали на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, посочи пан-европскиот суд во соопштението за печатот.

Извор:МИА