Израелските напади во Либан може да го зголемат ризикот од создавање поширок конфликт, во кој ќе бидат вовлечени Иран и милитантните групи кои имаат поддршка од Техеран, посебно ако под закана биде ставена егзистенцијата на Хезболах, изјави синоќа шефот на Обединетиот генералштаб на воените сили на САД, генерал Чарлс Браун.
Браун не даде прогнози за понатамошните дејствија на Израел и го истакна неговото право за самоодбрана, но предупреди дека напад врз Либан „може да го зголеми потенцијалот за многу поширок конфликт“.
Неговата изјава уследи откако премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху најави наскоро завршување на интензивната фаза на воените дејствија во Појасот Газа што ќе овозможи распоредување на повеќе израелски сили на границата со Либан.
Извор: МИА