Легендарната Мадона, повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи – овој пат со фотографија од својата лузна…
Познатата „кралица на попот“ веќе некое време се измачува со повредената нога. До неодамна Мадона одеше на патерици и во таа состојба го поддржа и протестот „Black Lives Matter” во Лондон ова лето.
Со повредата се здобила, како што изјави таа, на еден од последните концерти од својата „Madam X“ турнеја во текот на 2019 година.
Неодмна поради повредата мораше да направи и операција, а сега објави и фотографија од лузната која ѝ останала на ногата.
„Закрепнување… Прекрасна лузна“, напиша кратко ѕвездата.