Кога ги читаме имињата коишто сте ги предложиле можам само да кажам добредојде Груевски, штом се тука Владо Мисајловски, Златко Перински, Љупчо Димовски, Александар Николовски, Зоран Љутков, тогаш тука е и Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ за денешната расправа во Собранието за изборот на новата влада.
Во продолжение соопштението на СДСМ:
Читаме овде имиња кои се поврзани со криминал, со криминал и рацете им биле во медот. Што значи најмалку имаат легитимност да бидат министри. Во овој состав има министри кои едвај чекаат да им заврши мандатот како градоначалник. Таков е Тимчо Муцункски. Не знаеме со што заслужува да биде избран за министер. Ќе биде запаметен како градоначалник којшто нема реализирано ниту еден проект во општина Аеродром, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николовска денеска во македонското Собрание.
Дојдовте на власт со манипулации на патриотски чувства и лаги за кои сега нема ништо. Исто како што Муцунски ветуваше поништување на маркици за згради а мандатот го завршува со нов ДУП за нови згради, додаде таа.
-Согласно она што ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше во целиот период и како опозиција и во предизборието очекувавме денеска да видиме како Македонија ќе стане повторно горда и никогаш Северна ќе стане реалност. Дека ќе слушнеме како ќе ја смените Преговарачката рамка, како ќе го укинете или смените Преспанскиот Договор, но ништо од тоа. Нема ништо ниту од тоа како ќе се покачат платите и пензиите, нема ништо како ќе се борат против корупцијата и криминалот, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.