Бојана Бањевиќ, специјалист за прва помош во Црвениот крст на Србија, за ТВ Прва објаснува како да препознаеме дали некој колабирал поради топлотен удар или се онесвестил поради срцев удар.
Многу лесно се разликува, главната разлика е во дишењето. Ако лицето не дише, тоа значи дека дошло до срцев удар и треба што поскоро да започнеме со реанимација. Ако лицето дише, а е во несвест, според моменталните временски услови, може да заклучиме дека станува збор сончев удар и дека дошло до колапс. Тогаш процедурата е друга, рече таа.
Бањевиќ нагласи дека во случај на срцев удар треба веднаш да се повика брза помош, а во меѓувреме да се прави масажа на срцето.
Ако некој се онесвестил од топлина, пак, во тој момент е најважно да се обезбеди сенка, за да не се грижиме за тој човек на сонце. Обезбедуваме сенка, му ги креваме нозете и го миеме со вода, односно ги освежуваме малку зглобовите и кога ќе почне да се освести, прво го враќаме во седечка положба и му даваме освежителен пијалок, објасни таа.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.