Веќе од наредната недела се очекува новите владини членови да ги преземат функциите. Владата ќе има прв вицепремиер и уште четворица други заменик-премиери. Еден од нив, важи за политичар кој одржува врски со Русија. Повеќето од идните министри веќе имаат искуство во извршување на функции во извршната, законодавната или локалната власт, пишува Радио Слободна Европа во нивната анализа.
Идната влада, вклучувајќи го и Христијан Мицкоски како премиер, ќе брои 24 членови.
Во неа ќе има пет вицепремиери, само три жени министерки, а речиси сите, со исклучок на четворица, веќе имаат искуство како функционери во извршната, законодавната или локалната власт. Дел од нив биле на функции и во време на влади на СДСМ. Покрај од двете најголеми заедници – македонската и албанската, во првиот ешалон од извршната власт ќе има и функционери од српската и ромската заедница. Северна Македонија ќе има и вицепремиер кој негува добри односи со Русија и додека беше пратеник, во периодот откако е започната руската инвазија на Украина, ја посетуваше и Москва.
Целата вест на Радио Слободна Европа