Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, пренесува Телма.
Според информациите на повеќе медиуми, Османи издал и наредба веднаш, уште денеска, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена.
Од МНР потврдија дека Ејупи ќе биде испратена таму „на испомош“, поради зголемен обем на работа имајќи предвид дека кон Македонија ќе тргнат иселеници на кои им се потребни патни документи.
Додаваат дека во некои козулати времено се испразнети работни места поради годишните одмори и други отстуства и дека има потреба од испомош.
Случајот со Бесмира Ејупи првпат јавноста ја брануваше пред две години кога се дозна дека таа, претходно позната како презентерка на една телевизија, всушност е вработена во МНР и дека министерот Османи веќе ја назначил за конзул во Њујорк.
Извод Телма.мк