Вкупно 36 пратеници од претходниот собраниски состав побарале и добиле апанажа откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања, со еден глас против, донесе решение за добивање на апанажа на уште седум пратеници. Дел од пратеците се од власта, дел од опозицијата.

Сите тие во следните шест месеци до една година, месечно ќе добиваат по околу две илјади евра, колку што изнесува една пратеничка плата. Апанажа побарале и добиле и сите владини функционери кои не станаа пратеници.

Пари од државниот буџет побарале и тројца вработени во кабинетот на сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, но собраниската Комисија за избори и именувања ги одби нивните барања со образложение дека тоа се функционери кои не се избрани од Собранието.