Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.
Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).
Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.