Новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден во живо на телевизија ја прими вакцината против вирусот Ковид-19. Денеска вакцинирана беше и неговата сопруга.
Веднаш по вакцинирањето тој се обрати до јавноста и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за време на празниците.
-Ако не морате, не патувајте. Сега е посебно важно тоа. Се уште не е крај, едно е да добиете одобрение за употреба на вакцина, а сосема друга рабоа е да ја поделите со сите граѓани, рече тој.