Денес после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа е мојата програма, во којашто се осврнувам на тоа што треба да бидат итни приоритети на новото раководство на СДСМ по големиот пораз којшто го доживеавме на овие избори, изјави Славјанка Петровска која и официјално поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.
Во продолжение нејзината изјава:
Иако СДСМ во минатото доживувал и порази и победи исто така, овој пат е ситуацијата навистина специфична, особено имајќи ги предвид политичките околности во државата и на ниту една држава особено не на Северна Македонија не и треба слаба опозиција, или никаква опозиција. Затоа предизвик сериозен е пред сè и над се, СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ, и што е најважно да биде цврста и силна опозиција, за да можеме на таков начин да го гарантираме и патот на Република Северна Македонија.
Периодот што претстои се разбира ќе го искористиме заедно со сите кандидати кој ќе бидеме потврдени за наше претставување пред членовите на СДСМ кои на непосредни избори ќе го дадат својот глас, меѓутоа и доколку бидам избрана, овој период многу кус што е пред нас, за којшто очекувам дека и новата влада ќе има одредена динамика, ќе треба пред сè да ги консолидираме внатрешните редови, во дел од програмата набројувам итни приоритетите што треба да ги направиме а кој се однесуваат и на избор на ново раководство согласно критериуми и принципи кои ќе бидат одлика на СДСМ.
Иако доживеавме пораз, убедена сум дека социјалдемократијата и идејата за социјалдемократијата е жива исто како што е жива и надежта и вербата дека СДСМ повторно ќе се исправи и повторно ќе победи.