Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ! Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти, обвинува Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целосно неговата прес конференција:

За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија.

Но затоа – дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.

– Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени.

– Дознавме дека Владата, оние од  СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?

– И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?

Внимавајте, 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?

Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?

Почитувани,

Ова е фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија. Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне. Толку од грижата на Манолева.

Почитувани,

За жал 20-тина дена абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа, ама целосна негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за ништо друго, освен за лични интереси и партиски функции.

Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.

Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат!

Прашање: Кој е вашиот став за писмото на Кренар Лога до меѓународната заедница?

Одговор: Почитувани, оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар Лога заедно со СДС и со ДУИ се во опозиција. Доаѓа време за одговорност, за сите упади во закони во правниот и во судскиот систем.