Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните избори, изјави дека во Белград нивната изборна листа од вкупно 110 ќе има 63 мандати.
Тој истакна дека голема победа е забележана и во Нови Сад.
Што се однесува до резултатите во белградските општини, Вучиќ рече дека во две се интересни резултатите, додека во другите 15 општини имаат мнозинство.
Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешко, ќе биде 32-29, но за во Ниш имам предлог да разговараме и да видиме како и на кој начин може да се решат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани освои 23 проценти, тоа е огромен број гласови и тоа не смееме да го потцениме, рече Вучиќ.
Во врска со настаните околу Кол центрите на Новосадски саем и во Белград , тој кажа дека било тажно да се гледаат овие напади./Алсат.мк
Џесика Салахи