Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Секое дете има неотуѓиво право на живот.
Барем така е забележано во Конвенцијата за правата на детето.
Меѓународната заедница има развиено многу меѓународни правни документи – веќе споменатата Конвенција, Декларацијата за правата на детето, Светската Декларација за обезбедување на опстанок, заштита и развој на децата. Но, сите овие меѓународни документи не ги заштитија животите на украинските деца, кои продолжува да ги убива режимот на кремљ.
Државата-терорист рф е исто така членка на Конвенцијата за правата на детето, која не ги спречува руските трупи да ги бомбардираат украинските училишта, градинки, спортски терени.
Заклучно со крајот на мај во Украина, од почетокот на војната од големи размери на државата-терорист рф против Украина, загинаа 549 деца, а повеќе од 1.353 деца се повредени.
Според информациите на Националното информативно биро на Украина, државата-терорист рф депортирала и/или насилно раселила 19.546 украински деца.
27.377 деца беа пронајдени од страна на Јавното обвинителство на Украина, 388 деца беа вратени на територијата на Украина. 2.025 деца официјално се сметаат за исчезнати, 15 се жртви на сексуално насилство.
Уште во март 2023 година, Меѓународниот Кривичен Суд во Хаг издаде меѓународни налози за апсење на в. путин, како и на комесарот за правата на децата м. лвова-белова, кои се осомничени за воено злосторство – незаконско раселување на илјадници украински деца на територијата на државата-терорист рф.
Претставниците на земјата агресор намерно не ги информираат државните органи на Украина за раселувањето на цивилното население во русија, вклучително и на деца, што претставува повреда на член 49 од Конвенцијата за заштита на цивилното население во време на војна (IV Женевска конвенција, 1949 година).
Руската влада продолжува да создава услови за да го спречи враќањето на депортираните украински граѓани, вклучително и децата на територијата на Украина и забрзување на нивната асимилација во руските региони.
Во незаконското раселување на децата од привремено окупираните територии на Украина во рф е вклучена целата вертикала на државната власт на рф и руските окупациони администрации кои работат на привремено окупираните територии на Украина, окупаторските „министерства и ресорства“, „образовните и културни институции“ контролирани од нив, политичките партии, кабинетот на комесарот при претседателот на рф задолжен за правата на децата, јавните организации, т.н. добротворни фондации, „волонтерите“, приватните лица.
Украина се обраќа до сите меѓународни партнери да помогнат да се заштитат украинските деца, да се вратат украинските деца кои се депортирани и насилно раселени од државата агресор рф.
На 8 декември 2023 година се одржа инаугуративниот состанок на Меѓународната коалиција за помош при враќањето на украинските деца депортирани или присилно раселени од руската федерација од привремено окупираните територии на Украина.
Република Северна Македонија се приклучи на оваа коалиција и исто така е нејзин активен учесник.
Споменатата Коалиција се фокусира на олеснување на враќањето на украинските деца, вклучително во прашањата за идентификување на местата каде се наоѓаат нелегално депортираните и насилно раселените деца, развивање механизми за нивно враќање, учество во соодветни дипломатски преговори.
Украина е подготвена да работи со сите совесни посредници во прашањата за враќање на украинските деца киднапирани од русија.
Меѓу другото, дијалогот со рф се одвива и со посредство на Катар. Во текот на преговорите, Украина постојано ѝ предаваше на руската федерација, како преку комеарот за човекови права на рф, така и преку Катар, разни списоци на украински малолетни деца киднапирани од москва. Во текот на уште една рунда преговори, на 25 април 2024 година, украинската страна му предаде на Катар уште еден список со податоци за 561 дете.
Однесувањето на руската држава-агресор останува агресивно, сурово и мизантропско. рф, кршејќи ја Повелбата на ОН и меѓународните правни документи за заштита на правата на децата, намерно се спротивставува и ја усложнува постапката за верификација на децата кои се наоѓаат на територијата на рф и привремено окупираните територии на Украина. москва не обезбедува пристап до местата на престој на украинските малолетни деца ниту на Украина, ниту на која било меѓународна хуманитарна организација.
Украина продолжува да се бори за зачувување на животите на децата, за враќање на украинските деца дома, русија продолжува да убива украински деца и насилно да ги раселува украинските деца на територијата на рф.
Запирањето на рускиот терор е можно само со заеднички напори. Немојте да ги затворате очите пред осакатените детски животи.