Жителите на општина Сарај ќе треба да бираат нов градоначалник. Блерим Беџети од вчера е пратеник на „Европскиот фронт“ со верификуван мандат, објави Телма.
За разлика од него Билал Касами одбра да остане градоначалник на Тетово иако беше носител на кандидатската листа на “Вреди” и освои пратенички мандат.
По изборот на Владата ќе се знае дали уште некоја општина ќе остане без својот прв човек.
Речиси е сигурно дека градоначалниците на Гостивар и на Аеродром, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски ќе станат министри.
Со тоа, ќе биде неопходно и во овие општини да се организираат предвремени избори.