На турскиот потпретседател Фуат Октај му се слоши поради низок крвен притисок додека држеше говор што се пренесуваше во живо на националните телевизии.
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay, katıldığı siber güvenlik etkinliğinde yaptığı konuşma sırasında fenalaşarak konuşmasını yarım bıraktı.
Umuyoruz ciddi bir sıkıntı yoktur. #FuatOktay pic.twitter.com/lPnXcfusk9
— Daktilock (@daktilock) December 21, 2020
На нимката која се шири на Твитер се гледа како тој почнува да ги меша зборовите, а потоа прави подолга пауза, по што интервенираше обезбедувањето.
Турските медиуми известија дека Октај бил пренесен во болница каде му бил измерен низок крвен притисок. Потпретседател подоцна се вратил на самитот и им се заблагодарил на присутните.
„Како што велат докторите, мислам дека тоа е поради несоница и замор. Ви благодарам на разбирањето“, изјави Октај.