„Ако сакаме слобода и мир, имаме човечка и цивилизациска обврска да застанеме во одбрана на мирот и слободата на Украина.
– Не се работи само за една земја. Бруталната војна што ја води Русија против Украина е војна и против целиот свет – војна на лагите против вистината, тиранијата против достоинството и слободата, смртта и уништувањето против животот и прогресот. Тоа е војна против човековите права и слободи!“, пишува Џабир Дерала во во едиторијалот Мир за Украина: Повик за глобален мир и единство, објавен во ЦИВИЛ Медиа на 26.05.2024.