Фатмир Битиќи, вицепремиер од редовите на СДСМ и прв кој на социјалните мрежи по изборите се огласи за дебаклот на нивната партија, која освои само 18 мандати, порача дека во политиката влегол да направи промени и нема да се откаже додека не го стори тоа.

Што точно мисли, не е познато, но веднаш по изборите тој напиша дека се повлекува од функциите во СДСМ, а неговата оставка ќе биде активна кога сите од врвот на партијата ќе го сторат истото.

Што точно мислел Битиќи со оваа неговата порака, останува да се види во наредните неколку денови.