Американскиот лекар Мајкл Мозли тврди дека не само она што го јадеме, туку и начинот на кој јадеме може да ги намали шансите за прекумерна тежина и развој на дијабетес тип 2.
Тој потенцира дека брзото јадење може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи тоа влијае на ослободувањето на хормоните кои го потиснуваат гладот. За ова се повикува на студија од 2018 година изработен врз речиси 60.000 испитаници, која покажува дека оние кои бавно јадат имаат 42% помали шанси да станат дебели.
Д-р Мозли објаснува дека јадењето побавно му дава на телото повеќе време да му се сигнализира на мозокот дека е консумирано доволно храна.
Исто така, советува дека најдобар начин да го забавите јадењето е да пиете голтка вода помеѓу два залака.
Мозли советува и да ги јадете оброците на маса наместо да стоите, пред телевизор или додека одите. Тој, исто така, истакнува дека домашно зготвените оброци не само што содржат повеќе влакна во споредба со ултра-обработената храна, туку бараат и повеќе време за џвакање и уживање.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.