Редовното качување по скали може значително да го продолжи животот бидејќи качувањето по скали е поврзано со 24 отсто помал ризик од смрт од која било причина и 39 отсто помала веројатност за смрт од кардиоваскуларни болести во споредба со оние што не користат скали.
Британските научници од Универзитетот во Источна Англија и Норфолк ги собраа достапните научни докази на оваа тема и спроведоа мета-анализа. Студиите беа прегледани без оглед на бројот на чекори или брзината на качување.
Во финалната анализа беа вклучени девет студии со вкупно 480.479 учесници.
Истражуваната популација вклучуваше и здрави индивидуи и оние со историја на срцев удар или болест на периферните артерии. Возраста на испитаниците била од 35 до 84 години, а 53 отсто од испитаниците биле жени.
Резултатите од студијата се објавени на официјалната веб-страница на Европското здружение за кардиологија (ECS).
Одењето штити од срцев удар, срцева слабост и мозочен удар, заклучија научниците.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.