Претседателот на САД, Доналд Трамп наведе денеска дека „медиумите кои шират лажни вести“ го претставуваат неодамнешниот хакерски напад врз САД многу посериозен отколку што навистина е, и дека за него веројатно е повеќе одговорна Кина, отколку Русија.
„Запознаен сум во целост и се е под контрола. Русија, Русија, Русија е главната приказна кога и да се случи нешто бидејќи „лажниот мејнстрим“ (Лејмстрим), пред се од финансиски причини, е преплашен од разговор за можноста дека можеби е одговорна Кина (а би можела да биде)“, наведе Трамп на Твитер.
The Cyber Hack is far greater in the Fake News Media than in actuality. I have been fully briefed and everything is well under control. Russia, Russia, Russia is the priority chant when anything happens because Lamestream is, for mostly financial reasons, petrified of….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 19, 2020
Претседателот во заминување додаде дека е можно дека за време на изборите биле хакирани „смешните гласачки машини“.
„И нашите смешни гласачки машини можеби беа нападнати за време на изборите, за кои сега е очигледно дека победив со голема разлика, што го прави сето тоа уште покорумпирана срамота за САД“ , напиша Трамп.
Извор: Бета.рс