Серискиот силувач кој цели 15 години ги тероризираше жените во северна Калифорнија е осуден на 897 години затвор за своите кривични дела.

Американецот Рој Чарлс Валер (60) остатокот од животот ќе го помине зад решетки, по обемната истрага и обвинение базирано на ДНК траги кај неговите жртви, од кои некои имаат и над 80 години.

Валер во периодот од 1991 до 2006 година напаѓал жени во Калифорнија. Потоа им провалувал во нивните домови и ги силувал, објави Си Ен Ен.

Неколку од жртвите ги киднапирал, ги носел до банкомат и ги ограбувал.