Во текот на живот, веројатно безброј пати сте слушнале дека парите се валкани…
Таа фраза најчесто се употребува во преносно значење, кога луѓето алудираат на употребата на парите во нечесни цели.
Тоа што е многу важно да знаеме e дека парите се валкани и во буквална смисла на зборот.
Банкнотите се вистинско легло на бактерии и поради тоа треба да се биде многу внимателен и да се води сметка за личната хигиена, по секој контакт со пари.
Иако невидливи за голото око, парите кои ги чуваме во нашите паричници се преполни со бактерии.
Научниците од Универзитетот во Њујорк направиле анализа на банкнота од еден долар, и на неа пронашле повеќе од 3.000 бактерии.
На некои од банкнотите била пронајдена и озлогласената, а во некои случаи и смртоносна бактерија “MRSA”.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија, по ова истражување изјавил дека луѓето буквално “се капат во микроби и бактерии”.
Некои вируси на паричниците можат да преживеат до 72 часа, па поради тоа е многу важно да мијат или дезинфицираат раце по допир со пари.
Како да се заштитиме?
Многу едноставно, која е најдобрата одбрана од вируси и бактерии – редовно миење на рацете со сапун и вода.